За точно една недела, на 4 ноември 2025 година, Скопје ќе стане епицентар на регионалната бизнис сцена, кога ќе се одржи 8. Регионална конференција за е-трговија под темата „E-COMMERCE: FASTEN THE FUTURE“. Во организација на Асоцијацијата за е-трговија, во тек се финалните подготовки за настанот што ќе го претвори Скопје во регионален центар на е-трговијата.
Оваа година, конференцијата ветува најголемо издание досега, кое ќе ги обедини највлијателните компании, визионери и иноватори од целиот Балкан и пошироко. Учесниците ќе имаат можност да слушнат и да се инспирираат од говорници кои ќе споделат знаење, искуство и практични совети за тоа како се создава, обликува и забрзува иднината на е-трговијата.
Новитетот оваа година е што конференцијата за првпат ќе се одвива паралелно на две сцени, создавајќи динамично искуство кое ги спојува инспирацијата и практиката. На главната сцена ќе се слушнат визионерски идеи, испробани стратегии и лични приказни од највлијателните имиња во светот на е-трговијата, дигиталниот маркетинг и вештачката интелигенција. Говорници од глобални компании како Dolce & Gabbana, TikTok, Booking.com, Wolt, Publicis Groupe, Direct Media, Bigburg, Korpa, Brainster Next и други водечки брендови ќе споделат како иновацијата, креативноста и технологијата заедно го обликуваат идниот правец на е-трговијата. Нивните презентации ќе опфатат теми што ја дефинираат новата ера на онлајн купувањето – од улогата на вештачката интелигенција во безбедноста на клиентите, преку значењето на автономните AI агенти, до тоа како инфлуенсерите, содржината и податоците стануваат новата валута на современата е-трговија. Паралелно, на втората, hands-on сцена, идеите ќе се претвораат во конкретни чекори. Учесниците ќе имаат можност директно да учат преку интерактивни сесии – од онлајн плаќања и интеграции со Halkbank, преку отклучување на моќта на податоците, до креирање кратки видеа, запознавање со AI алатки и совети за добивање грантови, инвеститори и партнерства. Двете сцени заедно ќе создадат единствено искуство – едната ќе инспирира со визија, а другата ќе покаже како визијата се претвора во резултати. Комплетната агенда за конференцијата може да се погледне овде.
Инаку, во рамките на конференцијата ќе биде поставена и експо-зона каде што компаниите ќе ги презентираат своите најнови производи, технологии и услуги. За полесно вмрежување, повторно ќе биде достапна мобилната апликација на конференцијата, наменета за закажување индивидуални состаноци меѓу учесниците, но и за следење на сите детали поврзани со конференцијата. Нетворкинг-зоната пак, ќе овозможи директни средби меѓу учесниците.
Со повеќе од 800 регистрирани учесници од целиот регион и со присуство на водечки глобални и регионални брендови, овогодинешната конференција поставува нови стандарди за е-трговијата во регионот и пошироко. Интересот е огромен, а останати се само неколку последни карти за сите кои сакаат да бидат дел од највозбудливиот бизнис настан во регионот. Картите може да се купат на официјалната веб-страница на конференцијата: ecommerceconference.mk.
Конференцијата е поддржана од Visa како платинум партнер, Halkbank како стратешки партнер, Korpa како партнер за храна и достава, Brainster како AI партнер, A1 како дигитален партнер, а Ananas и Casys како златни партнери. Сребрени партнери се Комерцијална банка, IUTE, Филип Морис Интернационал, Сава пензиско друштво, Гранд Скопје, Public Cloud Group и Wolt, заедно со повеќе бронзени партнери.
























