Познатиот бренд на сосови Heinz и популарниот англиски музичар и љубител на лути сосови Ед Ширан се здружија со цел лансирње на новиот лут сос Tingly Teds.
Во насока на промоција на новиот бренд, компанијата објави серија кратки хумористични спотови со Ширан и џиновско плишано мече наречено Тед. Штосот е во тоа што мечето никогаш не е задоволно со своите оброци, освен ако тие не се целосно „натопени“ со Tingly Teds.
Кампањата се спроведува во Обединетото Кралство и Холандија преку социјалните мрежи Instagram, TikTok, YouTube, Reddit и Pinterest. Хумористичните спотови дополнително ќе бидат поддржани со аудио реклами на Spotify и надворешни реклами, вклучувајќи билборди и мурали во Лондон и Манчестер.
Ова не е првпат како Ед Ширан соработува со Heinz, откако претходно, по повод 150-годишнината на брендот, беше лансирано специјално шише Heinz Tomato Ketchup со емотикон на домат инспириран од ликот на Ширан.
Кампањата се реализира со помош на креативното студио за музички искуства WMX, дел од Warner Music UK, во соработка со продукциската компанија Smuggler.