Швајцарскиот производител на луксузни часовници TAG Heuer со заводоволство го претстави новиот модел “TAG Heuer Carrera Chronograph Tourbillon x Porsche Panamericana”.
Овој ексклузивен часовник, ограничен на 255 парчиња, ја доловува богатата историја на TAG Heuer и Porsche, кои што ја продолжуваат својата соработка како дел од најавтентичното партнерство помеѓу производител на часовници и производител на автомобили.
Новиот часовник го отсликува заедничкото наследство на двата бренда, вкоренето во легендарната автомобилска трка на отворени патишта Carrera Panamericana (Мексико, 1950 – 1954), одбележувајќи ја 70-годишнината од победата на Porsche.
Дизајнот на новиот „TAG Heuer Carrera Chronograph Tourbillon x Porsche Panamericana“ црпи директна инспирација од иконичниот тркачки автомобил Porsche 550 Spyder. Скелетниот бројчаник, со своите комплексни детали, ги отсликува тркалата на 550 Spyder, додека шемата на бои – сребрена, жолта и црна е директно инспирирана од бојата на оригиналното возило. Жолтата лакирана стрелка за секунди и малите стрелки во подбројчаниците додаваат уште еден препознатлив спортски допир на часовникот.
Како што беше случајот во 2023 година, Porsche и TAG Heuer повторно ќе претстават уникатен еднократен автомобил на Porsche, за да ја прослават врската на двата бренда со Carrera Panamericana, кој ќе биде презентиран за време на ревијален настан во Мексико Сити.
Влечејќи инспирација од минатото и реинтерпретирајќи го преку модерен дизајн, TAG Heuer и Porsche продолжуваат да ги поместуваат границите на она што е воможно и во производството на часовници и во мотоспортот.