За да го одбележи Денот на приватноста на податоците (Data Privacy Day), технолошкиот гигант Apple објави едукативни и хумористични филмови осмислени да им помогнат на корисниците да ги заштитат своите лични информации.
Во спотот „A Day in the Life of a Average Person’s Data“ („Еден ден во животот на податоците на просечен човек“) го следиме секојдневниот нормален живот на актерот Ник Мохамед. Меѓутоа, тој е насекаде придружуван од технолошки специјалист од Apple кој, разговарајќи со Мохамед и со гледачите, прецизно посочува како секојдневните активности остават траги од податоци.
Паралелно со лансирањето на кампањата, Apple ќе објави нова сесија на “Today at Apple” во која подетално ќе ги претстави сите функции за заштита на личните податоци што им ги нуди на корисниците.
„Го создадовме ‘Today at Apple’ за да поттикнеме креативност и да им овозможиме на нашите клиенти да го извлечат максимумот од нивните производи и услуги на Apple. Возбудени сме што можеме да ја понудиме оваа нова сесија за да им помогнеме на нашите клиенти да дознаат повеќе за нашите водечки услуги за приватноста додека го одбележуваме Денот на приватноста на податоците“ – рече Трејси Ханели, виш директор за малопродажба и маркетинг во Apple.
Ова не е прв пат како компанијата ги промовира своите услуги за поголема приватност на потрошувачите. Минатата година, Apple ја објави хумористичната кампања „Аукција на лични податоци“, која што можете да ја погледнете тука.
„Во Apple, ние сме фокусирани на дизајнирање уреди, функции и услуги кои ги на корисниците им овозможуваат контрола врз нивните лични податоци. Со текот на годините, интегриравме моќни контроли за приватност во нашите оперативни системи. Овој филм и нашите нови сесии на ‘Today at Apple’ ќе им покажат на корисниците како можат да ги искористат предностите на некои од функциите што ги нудиме и да разберат како приватноста е во центарот на сè што правиме“ – истакна Ерик Нојеншвандер, директор за приватност на корисниците во Apple.