Американскиот бренд на чипс Lay’s се враќа на сцената на Супер Боул со емотивен спот кој го насочуваа вниманието кон земјоделците – производители на компири, неопходни за самото постоење на брендот.
Рекламата, во режија на познатиот новозеландски режисер и оскаровец Тајка Вајтити, ја слави напорната работа и посветеноста на над 100-те фарми кои гордо произведуваат компири за Lay’s, од кои над 50 се во семејна сопственост.
Притоа, дел од тие повеќегенерациски земјоделски семејства се прикажани на крајот од краткиот филм, вклучувајќи ја фимилјата Павелски од Heartland Farms во Висконсин, која веќе пет генерации се занимава со земјоделство и претставувала директната инспирација за новата кампања на брендот – насловена „Малиот фармер“ (“The Little Farmer”).
Приказната се фокусира на најмладиот член на семејството – ќерката на Џереми Павелски, која од најмали нозе покажува исклучителна посветеност, љубов и гордост кон земјоделството и одгледувањето на компири.
„Со „Малиот фармер“, горди сме што ги носиме фановите на емотивно патување кое ја истакнува страста и посветеноста зад секој чипс на Lay’s. Не само што оваа реклама ја слави напорната работа на фармерските семејства кои одгледуваат компири за Lay’s, туку нè потсетува и на длабоката поврзаност што сите ја споделуваме со храната што ја јадеме. Не можеме да замислиме подобар момент да го истакнеме нивниот придонес од Супер Боул, најголемиот културен настан во годината“ – истакнува Дениз Трулав, виш потпретседател за маркетинг на PepsiCo Foods за Северна Америка, матичната компанија на Lay’s.
Преку финансирање од PepsiCo и PepsiCo Foundation, брендот посвети 1 милион долари за поддршка на идните земјоделци и земјоделски лидери во партнерство со непрофитната организација Farm Foundation.
Кампањата се реализира во соработка со креативната агенција Highdive и продукциското студио Hungry Man.