Една од најголемите финансиски групации одбра македонска маркетинг агенција за реализација на својата наредна кампања.
Македонски креативи на билборди, автобуси, во кино сали, магазини, трговски центри и секако, на радио и телевизија ќе се гледаат во Русија, Индија, Малезија, Индонезија, Филипините и Виетнам, а таму својот “печат“ ќе го стави маркетинг агенцијата од Скопје “Еден на Еден“.
“Имаме големо искуство во соработка со разни маркетинг агенции од секој дел на светот, а за ова ни требаше навистина квалитетен и сигурен партнер. Одлуката падна токму на “Еден на Еден” зошто низ низа разни предизвици се покажаа како исклучително зрела компанија, способна да се носи со големи нешта.” – велат од маркетинг департманот на Digital Finance International.
А соработката не е нова. “Еден на Еден“ се грижи за Forza брендовите на балканскиот регион и чекор по чекор, се стекнаа со довербата да ја работат оваа мега кампања која не ја опфаќа само Forza, туку и повеќе други сестрински брендови од истата финансиска групација.
За кампањата силите ги здружија со Fx3x кои ја работеа анимацијата и Eye Cue кои ја напишаа музиката, со што се доби производ од комплетно македонска продукција и креатива за некои од најголемите светски пазари!