Коорганизатор на SoMo Borac powered by Httpool од оваа година е Хрватската асоцијација на дигитални издавачи (HUDI), а заедно со најважните дигитални награди во регионот и најдобрата забава, оваа година ќе има и целодневна конференција!
По минатогодишното спектакуларно јубилејно издание на доделувањето на најважната дигитална награда во регионот, оваа година организациониот тим на SoMo Borac powered by Httpool подготвува бројни иновации кои ќе ја подигнат оваа награда на сосема ново ниво. Најголемата вест е што коорганизатор на овогодинешното издание ќе биде Хрватската асоцијација на дигитални издавачи (HUDI), како и дека SoMo Borac powered by Httpool за прв пат ќе се одржи во форма на целодневна конференција.
Овогодинешната програма ќе се одржи на 17 ноември во Загреб, а конференцијата ќе се одвива во два тека. Угледни домашни и странски експерти ќе го споделат своето знаење со цел позиционирање и развој на професијата во регионот, а по размената на знаења и искуства, традиционално ќе следи добро познатата најдобра забава во градот која ниту оваа година нема да ве разочара.
„Минатата година соборивме рекорди со пријави, интерес и посетеност на нашата наградна церемонија и забава, а тоа ни даде ветар во грб годинава да поставиме уште повисоки цели, како во однос на содржината, така и во искуствена и едукативна смисла. Со нашите партнери и коорганизатори, не се сомневам дека ова навистина ќе биде голем чекор кон напредокот на дигиталната професија во регионот“, изјави Ружица Врдољак Личина, извршен директор на наградите SoMo Borac.
HUDI е водечка професионална асоцијација која ги собира онлајн медиумите и сите други индустрии вклучени во дигитално огласување. Нивните цели се да обликуваат правила и стандарди на пазарот за дигитално огласување, да го пренесат знаењето и трендовите од развиените дигитални пазари на локалните и да го подигнат општото ниво на знаење и експертиза на пазарот додека споделуваат знаење и ресурси меѓу заедницата. Истите визии за развојот на регионалната дигитална заедница на светско ниво доведоа до соработка помеѓу SoMo Borac powered by Httpool и HUDI, која ќе ги постигне своите цели.
Озрен Кроња, извршен директор на Хрватското здружение на дигитални издавачи ја истакна важноста на соработката: „HUDI го препозна SoMo Borac како проект кој навистина ја обединува заедницата на најголеми дигитални експерти од оваа област, и затоа исклучително се радуваме на оваа соработка. Како водечка професионална асоцијација, ќе придонесеме кон SoMo Borac со огромна дигитална содржина, знаење и експертиза. Воедно, ова е предизвик за нас бидејќи првпат остваруваме ваква важна соработка и сакаме да ја оправдаме довербата што ја добивме. Верувам дека со заеднички сили и знаење навистина ќе придонесеме за развој на професијата“.
Покрај новото издание на конференцијата, овогодинешното доделување награди ќе опфати и нови категории. Категоријата “Best Digital OOH” ќе опфати формати кои во претходните години не можеа да учествуваат на натпреварот за ова значајно признание во професијата, а новитет е и категоријата TikTok, која е веќе добро позната алатка на многу компании за создавање дополнителна видливост и комуникација на клучни пораки.
Од Httpool by Aleph, кои и оваа година се главни спонзори на настанот, го истакнуваат своето задоволство од заедничката цел – развој на дигиталната економија и промоција на дигиталниот маркетинг во регионот, со цел максимизирање на повратот на инвестицијата за огласувачите. „SoMo Borac е еден од најголемите и најрелевантните настани за дигитален маркетинг во регионот и затоа е централно место за размена на знаења, најнови трендови и примери на добри практики од кои секој може да научи. Httpool, од друга страна, е активен учесник во дигиталниот екосистем и како претставник на водечките дигитални медиумски платформи како Twitter, Meta, Spotify, Snapchat и Digital Turbine, сакаме да продолжиме да ја развиваме свеста за важноста на високите стандарди во перформанс-маркетингот во регионот, што е особено видливо на SoMo Borac преку категоријата награди Special mention by Httpool“ – заклучува Иванка Мабиќ Гагиќ, извршен директор на хрватскиот огранок на Httpool by Aleph, додавајќи дека поддршката на SoMo Borac природно се вклопува во мисијата на компанијата – едукација на глобалниот пазар за дигитален маркетинг на социјалните мрежи.
Сите новости за доделувањето на најважната дигитална награда во регионот можете да ги следите преку билтенот на SoMo Borac, на официјалната веб-страница, на профилите на SoMo Borac на Facebook, Instagram и LinkedIn.
До 9 јуни трае и специјална понуда по поволна цена за билетите за конференцијата, наградната церемонија и забавата.