Paul Meates, креативен директор во агенцијата Droga5 од Њујорк, ќе биде еден од главните предавачи и ќе го отвори овогодишниот фестивал на интегрирани комуникации KAKTUS 2017, кој ќе се одржи на 1 и 2 ноември во хотелот Crowne Plaza во Белград. По тој повод, Meates зборува за инспирацијата, идеите, традиционалниот наспроти модерниот маркетинг, како и за комуникацијата помеѓу брендовите и потрошувачите.
Работите како креативен директор повеќе од 17 години, соработувајќи со многу успешни светски познати брендови. Кој би го издвоиле како омилен?
Проект на кој сум најмногу горд е всушност илустрацијата за 100-годишнината на Coca Cola шишињата. Имав задача да направам редизајн на ретро Coca-Cola шишињата користејќи само три бои: црвена, црна и бела. Тие се објавени во брошурата “Kiss the Past Hello”, во која се вклучени и историските фотографии на Енди Ворхол и Роберт Рашенберг и делата на повеќе “сомнителни” уметници како мене и господин Брејнвош.
Од Вашето искуство, како се раѓаат квалитетни идеи и каде пронаоѓате инспирација за нив?
Идеите доаѓаат од различни страни. Да бидам искрен, секогаш ги има. Мене обично ми доаѓаат додека се возам со метро.
Кои идеи добиваат најголемо внимание во модерното огласување? Како би ги дефинирале идеите кои опстануваат?
Проектите кои победуваат на меѓународните натпреварувања се често најдобро оценети во дадената категорија и претставуваат најдобри идеи. Меѓутоа, за мене тоа е наједноставната идеја за која никогаш порано не сте размислувале. Тоа се оние идеи кои наведуваат луѓето да се запрашаат: „Зошто не се сетив за тоа?“
Во што е тајната за квалитетна двонасочна комуникација помеѓу брендот и потрошувачот?
Не знам дали има некои тајни, но повеќе има смисла ако ја споредите со било која друга конверзација. Брендовите очигледно ги сакаат своите производи и сакаат бескрајно да зборуваат за нив. Но, добар дијалог е секогаш за она што го сакаат двете страни. Ако сте спортски бренд или носталгичен слаткар, тогаш тоа е нешто за што се врзани потрошувачите, па затоа би требало да го започнете разговорот во таа насока. Но, доколку почнете да зборувате за прашак за алишта со непознат човек на улица, големи се шансите да не го заинтересирате. Или би можел да да обиде да ја промени темата, што постојано се случува на социјалните мрежи. Брендот за газирана вода постира нешто за меурчињата, а потрошувачот на кој тоа му е досадно одговара со приказна за глобализацијата или се жали на бојата на конзервите.
Може да се каже дека живееме во дигитална доба. Според Вашето мислење, које е предноста на дигитализацијата во однос на традиционалниот маркетинг и зашто дијалогот е важен, наспроти монологот кој беше составен дел на традиционалниот маркетинг?
Не гледам дека има предност, но во индустријата многу работи се променија. Пред дигитализацијата, фокусот беше на ТВ рекламите, радиото или принт огласите. Тогаш изненадно се појави дигитализацијата, компјутерските игри, апликациите, веб страните, банерите, виралните филмови, чет ботовите, AR, VR, итн… Се зголеми сложеноста на медискиот пејсаж со значајни разлики. И со тоа одеднаш интегрираните кампањи станаа неверојатно сложени. Мислам дека дигитализацијата навистина влијаеше работите да се променат, заради тоа што се` стана толку сложено, а работата навистина бара силни идеи за да се направи нешто. Нешто во сржта, со што останатото се „храни“.
И на крајот, дигиталот отвори и други можности. Дигитализацијата додаде многу микс, така што, било да е во прашање детска книга, крофна, пар чевли – важно е само во основа да имате добра идеја и можете да направите што сакате и од што сакате.
Дали можете да наведете две кампањи кои, по Ваше мислење, зазедоа прво место во светот, во текот на изминатата година и кажете ни зошто?
Моите две омилени кампањи се: Meet Graham и Fearless Girl. Meet Graham е кампања која израсна надвор од границите на се` што досега имавме прилика да видиме кога се во прашање кампањите за безбедност во сообраќајот. Fearless Girl затоа што е совршено направена.
На овогодишниот фестивал KAKTUS, Вашата тема на предавањето е “Ripple Effect”. Каков е тој ефект? Што можат да очекуваат учесниците на фестивалот?
“Ripple Effect” се занимава со создавање на последичен домино ефект во рамките на интегрираното огласување. Интегрираното огласување е често многу успешно заради користење на повеќе канали на комуникација за иста цел. Но, понекогаш работата може да се подобри во текот на самиот процес. Еден дел може да биде подобар од другиот. Повеќе на оваа тема на фестивалот KAKTUS 2017.
Повеќе информации за предавачите и програмата пронајдете на www.kaktus.rs