Британската добротворна организација Frontline19 има за цел да им помогне на здравствените работници кои се соочуваат со траума и други проблеми поврзани со менталното здравје како резултат на пандемиската криза.
Според нив, една криза доведува до друга, па така 2 од 5 британски здравствени работници се соочуваат со пост-трауматски стрес. Во насока да им се помогне, именуваната организација во соработка со Националната здравствена агенција на Британија, лансираше кампања за поддршка на овие работници кои се борат на првите борбени линии во пандемијата.
Кампањата се состои од телевизиски спот и од радио, принт и outdoor активности. Како дел од неа е отворена и бесплатна телефонска линија – Hopeline19, на која благодарните луѓе можат да остават своја порака за поддршка на здравствените работници.
Реализацијата на кампањата е остварена со помош на агенцијата Adam & Eve/DDB и продукциската куќа Academy.