Netflix на една автобуска станица во Холивуд инсталира инкубатор со возрасен човек внатре, за да ja промовира својата нова серија, Altered Carbon
Замислете да седите на автобуска станица, да чекате автобус и одеднаш забележувате нешто страшно покрај себе – човечко суштество инкубирано во пластичен сад во една од страните на автобуската постојка. И додека сфатите дека станува збор само за реклама и вдишувате со олеснување, забележувате дека рекламата го направи истото – тоа дише!?
Оваа вознемирувачка инсталација човечка кукла во природна големина, сместена во пластична вреќа, е поставена на една автобуска постојка во Холивуд и наменета е за промоција на новата серија на Netflix, Altered Carbon, која ги истражува начините на кои луѓето се занимаваат со својата смртност и како во тој поглед би можело да изгледа блиската иднина.
Без разлика дали сте воодушевени или згрозени од овој маркетинг трик, не може да се каже дека не привлекува внимание, а тоа е видливо и од репортажата за него во САД. Еден од овие прилози погледнете подолу и ќе ви биде јасно за што зборуваме.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=105&v=RCl_9HhF7vc