Погледнете ja оваа емотивна реклама на холандскиот фармацевтски бренд DocMorris
Рекламата за холандска фармацевтска компанија, малку позната надвор од Холандија, стана неочекувано популарна на социјалните мрежи – и се чини дека со мало задоцнување стана кандидат за најемотивната божиќна реклама годинава, судејќи според лавината на позитивни реакции.
Ова двеминутно видео на брендот DocMorris, создадено од агенцијата Јунг фон Мет / САГА, го следи животот на еден осамен, повозрасен човек и неговиот нов фитнес режим.
Навидум исфрустриран од стареењето на неговото тело, човекот се обидува да ја врати силата која ја имал во помладите денови, вежбајќи со подигање тегови секое утро и предизвикувајќи љубопитност кај неговите соседи, но и кај гледачите. Но, мотивацијата е сосема поинаква.
Рекламата која ја режиреше Сун Соренсен, за кратко време достигна речиси 10 милиони прегледи на ЈуТјуб.
Зборувајќи за самото видео, режисерот Соренсен изјави: „Веднаш ме привлече приказот на осамениот главен лик, како и динамиката на набудување на неговиот развој, како однадвор, така и одвнатре. Задлабочен во неговиот развој и мотивација, фазите на осуда, неуспех, неверување, олеснување, закрепнување, тој се награди себеси “.