Наградите се освоени за кампањи и реализирани за клиентите: The Coca-Cola Company, Koncern „Bambi“ и Здружението „Да Се Знае!“.
Агенцијата McCann Белград со своите кампањи влезе во финалето на 6 категории, а доби награди во 3 категории, од кои една сребрена и две бронзени Effie награди. Во реализацијата на овие кампањи, партнерска агенција на McCann Белград беше агенцијата UM Белград, исто така член на I&F Групацијата.
Сребрена Effie награда е освоена во категоријата Безалкохолни, негазирани пијалоци за кампањата „Кока Кола ги открива мистериите на Србија“ реализирана за клиентот The Coca-Cola Company, додека две бронзени награди беа освоени во категориите Грицки&Слатки за кампањата „Твој Плазма ритуал“ за клиентот „Бамби“, како и во категоријата Медиска идеја и медиска иновација за кампањата „Не се откажувам“ креирана и реализирана за клиентот Здружението „Да Се Знае!“
„За McCann, ефективноста отсекогаш била вистинска мерка за успехот на приказните кои што ги раскажуваме во работата. Тоа е начин за нашата индустрија да создаде вредност! Успехот што Effie го препознава е успех што им припаѓа колку на тимовите, толку и на поединците. Го слави партнерството, транспарентноста, трпеливоста, експертизата. Затоа, ние во McCann веруваме дека овој фестивал го надминува стандардното разбирање за успехот и ја придвижува целата индустрија во насока на една нова култура, која заедно ја градат клиентите и нивните агенции“, вели Катарина Прибичевиќ, директор за стратешко планирање, McCann Белград.
Агенцијата UM Белград, како партнерска агенција, влезе во најмногу, односно дури во 7 финалиња.
„Горда сум на сите мои колеги и наши клиенти и партнери – остварените резултати зборуваат сами за себе. Ефективноста е она кон што се стремиме во секојдневната работа и затоа овие признанија се уште поважни. Дополнително сум горда на фактот што како медиска агенција влеговме во најмногу финалиња“, истакна Бранислава Цагронов, регионален директор на агенцијата UM.
Наградите Effie се признанија кои се доделуваат на локално, регионално и глобално ниво на агенции и огласувачи кои стојат зад успешни маркетинг кампањи кои ги постигнале или ги надминале поставените цели и на тој начин ги решиле предизвиците со кои се соочуваат нивните брендови и компании. Овие награди носат прецизни и јасни одредници, покажувајќи дека инвестирањето во маркетинг се исплатува, а со тоа претставуваат најдобар начин за промовирање на нашата индустрија како доказ за соработката на огласувачите и агенциите во создавањето и развојот на успешни брендови.