На ден пред грегоријанскиот Божиќ, на дел од социјалните профили на McDonald’s осамнаа постери со кои брендот за брза храна прифати дека барем една вечер во годината, нивниот доставувач не е најочекуваниот гостин.
Серијата на визуелни креативи ги прикажува емоциите на децата ширум планетата, застанати покрај нивните прозорци, во исчекување на Дедо Мраз и неговите подароци – некои би рекле со иста желба како вкусните оброци на McDonald’s.
„McDonald’s е најочекуваната испорака речиси секој ден од годината. Сепак, знаеме дека има голем конкурент со кој не можеме да се соочиме. За само една ноќ не сме најочекуваната испорака, бидејќи на 24 декември сите деца го чекаат Дедо Мраз“ – објаснуваат од компанијата.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Oniria\TBWA од Парагвај.