Минатата година, во Лондон се одржаа Летните Олимписки Игри кои што го донесоа најсмелиот олимписки дизајн и бренд кој што требаше да “инспирира генерација”.
Лондон успеа да ја продаде својата приказна.
Идната година, во Сочи, Русија, ќе се одржат следните Зимски Олимписки Игри. Брендот на Сочи го отсликува традиционалниот руски дизајн во придружните елементи на брендирањето, додека главниот знак/лого е зборот Сочи точка ру и со тоа станува првата Олимпијада која што има интернет домеин во својот бренд. И првата зимска олимпијада која што има летен слоган “Жешко. Кул. Твој.”
Во дизајн и бренд менаџмент круговите, она што во моментов е предмет на дискусија со предзнак олимписки е дизајнот на брендот на Зимските Олимписки Игри во Пјончанг, Јужна Кореја, 2018; бренд што беше официјално презентиран овој месец.
Она што прво паѓа на ум е Google. И Google. И Google. Google Olympics.
Во следните слики можете да го видите брендот. Оставам на Вас да го искажете својот став во врска со овој екстремно симплифициран лого дизајн и бренд.