Имаго Огилви е најефикасна агенција во Хрватска, додека Агрокор, т.е. денешната Фортенова група е најефикасен огласувач, покажа овогодинашниот „Ефи индекс“, а на ранг-листстс на најефикасни се најдоа и други хрватски агенции и компании, како „Борнфајт“.
Според резултатите од индексот „Ефи“ од 2020 година, кој ја мери ефикасноста врз основа на резултатите од минатогодишното натпреварување Effie Awards Croatia, чии награди беа доделени минатата година на фестивалот Денови на комуникации во Ровињ, титулата најефикасна агенција во Хрватска ја освои агенцијата Imago Ogilvy, а најефикасна независна агенција и компанијата за дигитални иновации – Bornfight. За најефикасен бренд е прогласена Општествената акција за пошумување, додека Фортенова група е најефикасен огласувач. WPP е прогласена за најефикасна групација, а Ogilvy за најефикасна агенциска мрежа.
„Во време кога индустријата минува низ промени и нарушувања, маркетинг-агенциите и компаниите за пазарно комуницирање на скалата на „Ефи индексот“ се издвојуваа со нивниот континуиран успех и непоколеблива посветеност на маркетинг ефикасноста“, изјави Траци Алфорд, претседател и извршен директор на Effie Worldwide. „Маркетинг ефикасноста е поважна од кога било, особено сега, во време на економска неизвесност. Ефи индексот е одличен приказ на компаниите кои постојано се истакнуваат и покренуваат развој на брендовите ширум светот, а во име на Effie Worldwide им честитам на тоа! “
На листата на издвоени резултати за Хрватска, како нејефикасни во маркетинг комуникацијата според резултатите на последното натпреварување Effie Awards Croatia,своето место го најдоа:
- Општествена акција за пошумување, A1 Hrvatska, Erste Bank, Konzum, Formula 1, Franck, Iskon, Jamnica, Lidl, Philips, Argeta, Coca-Cola, Hrvatski Telekom, Huawei, Iskrena vina Matković, Laško, Lino Lada, Tele2 во категоријата најефикасни брендови
- Fortenova grupa, World Organization of Scouts Movement, A1 Group, Erste Group, Franck, Iskon, Philips, Schwarz-Gruppe, Atlantic Grupa, Deutsche Telekom, Heineken, Huawei, OPG Josip Matković, Podravka, Tele2, The Coca-Cola Company во категоријата најефикасни огласувачи
- Imago Ogilvy, Bruketa&Žinić&Grey, McCann, Bornfight, Pro Media Group, 404, Utorak, BBDO Zagreb, Señor, OMD Media, Real Grupa, Luna\TBWA, MediaCom Zagreb, TCC Global, ZOO agencija, Degordian, Cvoke, ŠVENK, Wavemaker Zagreb, 200C, iProspect, Izone, Jedinica i nula, Media Polis, PlayAd, Promosapiens, Riba ribi grize rep, Seekandhit, Spontano, Ulupuh, Universal McCann во категоријата најефикасни агенции
- Bornfight, Pro Media Group, 404, Utorak, Señor, Real Grupa, TCC Global, ZOO agencija, Degordian, Cvoke, ŠVENK, 200C, Izone, Jedinica i nula, Media Polis, PlayAd, Promosapiens, Riba ribi grize rep, Seekandhit, Spontano, Ulupuh во категоријата најефикасни независни агенции
- Ogilvy, Grey Group, McCann Worldgroup, Pro Media Group, BBDO Worldwide, OMD, MediaCom, TBWA\Worldwide, TCC Global, Wavemaker, iProspect, UM во категоријата најефикасни агенциски мрежи
- WPP, Omnicom, Interpublic (IPG), Dentsu во категоријата најефикасни групации.
На глобално ниво, за најефикасен огласувач, бренд, групација, агенциска мрежа, агенција и независна агенција, се прогласени Unilever, Coca-Cola, WPP, McCann Worldgroup, FP7 McCann Dubai и Banda.
Наградите Ефи се признати од страна на огласувачите и агенциите на глобално ниво како водечки награди во индустријата кои ги охрабруваат и придонесуваат за успехот на брендовите. Од 1968 година, освојувањето на Ефи награда стана симбол на глобален успех.
Сите информации за хрватското издание на натпреварувањето Effie можете да ги погледнете на следниот линк, а за Ефи Индексот повеќе дознајте на www.effieindex.com.