Effie Worldwide во соработка со ИАА Србија (International Advertising Association) го објави лансирањето на престижните Effie награди и во Србија почнувајќи од 2017 година.
Effie Worldwide е глобално позната програма која во фокусот го има препознавањето и вреднувањето на ефикасноста во маркетинг комуникациите а наградата Effie Award се смета како врвно признание што се однесува до ефикасноста која некоја кампања ја имала во својата околина.
Со новооснованата Effie Serbia награда, мрежата сега се развива и проширува на 48 програми (41 национална, 6 регионални и 1 глобална програма).
Сите детали околу условите за пријавување на проектите и правилниците за натпреварување ќе бидат објавени до јануари 2017 година, а самиот повик за пријавување на проекти ќе следува потоа. Првата церемонија на доделување на награди е предвидена да се одржи во Белград во јуни.
Милош Симиќ, претседателот на ИАА Србија, по овој повод изјави: “Оваа програма отвора ново поглавје за маркетинг индустријата во Србија. За самата професија е исклучително важно да се измерат резултатите од локалните маркетинг комуникации и ќе биде драгоцено да се спореди нашиот пазар со останатите преку Effie Index-от. Effie испраќа јасна порака за значењето на маркетинг комуникациите и нивното значење во градењето на јаки брендови“
Им честитаме на првите луѓе на ИАА Србија и нашите колеги од маркетинг индустријата што успеаја да станат дел од оваа престижна програма и истовремено се надеваме дека и во Македонија ќе се создаде интерес кај првите луѓе на најголемите огласувачи и маркетинг агенции – да станеме дел од Effie семејството и да ги донесеме престижните Effie Awards и кај нас.