Мекен Загреб креираше уште една впечатлива и оптимистичка кампања за Хрватски Телеком, која започнува со зборовите: „Еј, 2020, баш си грозна!“
2020 година е годината на чијшто крај најмногу се радуваме, бидејќи упорно се обидува да нѐ раздели. Ниту Божиќ нема да биде вообичаен затоа што нема да го славиме со оние кои што ги сакаме. Но, колку и да се обидува да нѐ раздвои, толку сме ние посложени. Со помош на технологијата, ќе останеме поврзани со нашите најблиски, ќе го споделиме најдоброто од нас и ќе и` покажеме дека можеме да научиме уште повеќе, да споделуваме уште повеќе и дека можеме да бидеме уште подобри и да си помагаме повеќе едни на други.
„Овие зборови го одразуваат размислувањето што сакавме да го пренесеме со оваа кампања: Само заедно и поврзани оваа година можеме да ги покажеме забите и да го дочекаме нејзиниот поубав крај!“ – изјави Горанка Мијиќ, Account Director на кампањата.
Клиентот доби неверојатен број на позитивни реакции на оваа оптимистичка кампања од своите партнери и корисници, а Бранка Бајт, бренд директор на Хрватски телеком, по повод оваа прилика изјави: „Во текот на целата година направивме сè за новиот начин на поврзување со најблиските, работата, знаењето и забавата да биде што е можно побезболен, побрз и поедноставен. Се надеваме дека и во ваква 2020 година донесовме свет на подобри можности за сите наши корисници. Божиќните празници се особено важни за сите нас и со оваа божиќна кампања сакавме да внесеме оптимизам, бидејќи тоа е она што на сите ни е најпотребно во овие моменти. Се надеваме дека успеавме во тоа, што го потврдуваат и бројните реакции на нашите корисници за кои подготвивме многу добри понуди и подароци. Сега сакаме тоа да го овозможиме и за пошироката заедница преку иницијативи кои имаат за цел да ги вклучат сите во можностите за дигитализација, а започнуваме со најисклучивата група – корисниците на домови за пензионери. И нема да застанеме тука, затоа што сакаме да ги вклучиме сите во светот на подобри можности“.