Нова технологија за елиминирање на азот диоксид од воздухот
Најновите билборди на Toyotа за моделот Mirai со електрични ќелии, не само што промовираат еколошки производ – тие помагаат во чистењето на воздухот околу себе.
Во приодот од 3 април до 28 мај оваа година, 37 билборди во Лос Анџелес и Сан Франциско, според изјавите од компанијата, ќе ја елиминира емисијата на азот диоксид еквивалентна на вредноста која ја создаваат 5285 возила месечно. Азот диоксиод е клучната состојка на киселите дождови и смогот.
Таканаречениот „еко-билборд“ користи титаниум диоксид обложен со винил за прочистување на околината. Кога кислородот реагира со катализаторот, азот диоксидот се претвара во нитрат и се елиминира од воздухот. Овие билборди кои се активираат со сончева светлина и кои го отстрануваат смогот, ќе продолжат да го прочистуваат воздухот додека се присутни светлина, вага, проток на воздух и слој на титаниум диоксид.
Компанијата Pureti Group стои зад развојот на ова технологија на премачкување со титаниум диоксид, а Clear Channel Outdoor Americas ги има ексклузивните права на користење на технологијата во надворешното огласување.
Gene Leehan,извршен потпретседател и виш регионален претседател за Clear Channel Outdoor Americas, изјави:„ Оваа кампања е прва во САД која користи ваква технологија за надворешно рекламирање, и се радуваме што ќе ја направиме достапна и за другите огласувачи.“