Модната линија Yeezy, зад која стои Канје Вест, на 7-ми ноември го претстави прототипот на патики кои се направени од еколошки материјал.
Загриженоста за состојбата на планетата Земја стимулира сè повеќе eco-friendly проекти, така што на ред дојдоа и патики изработени од алги. Прототипот на новиот модел на патики е направен во Атланта од етилен-винил ацетат и пена која е произведена од алги, а има најава дека компанијата планира да изгради и фарма на која би се одгледувале алгите потребни за производство на овој и идните модели на еко-обувки.
Патиките го добија името Yeezy Foam Runners, а моделот беше најавен во септември, па дури и тогаш можеше да се слушне дека патиките ќе бидат во продажба од 2020 година. Сè уште не е јасно дали сите модели во иднина ќе бидат направени од алги или дали станува збор за само еден модел, а патиките ќе бидат достапни за 75 долари на почетокот од следната година.
YEEZY FOAM RUNNER
LANDING IN 2020 pic.twitter.com/tiG9UQrUbw— YEEZY MAFIA (@theyeezymafia) September 12, 2019