Теохаров аудио заедно со Божиновски фондација и Каре креираа незаборавно музичко патување во рамките на OFF програмата на фестивалот „Браќа Манаки“, преку кое ВИП-гостите ќе имаат единствена можност да ја посетат претпремиерата на новиот албум на Крсте Роџевски.
„Како битолски бренд кој секоја година посветено, макотрпно и волонтерски сите свои ресурси и енергија ги посветува на организирањето на Off програмата на фестивалот, особено сме горди што оваа година споивме врвни и пасионирани луѓе кои и тоа како ќе ја збогатат годинешната програма. Среќни сме што заедно со Теохаров аудио и Каре успеавме на реновираниот Офицерски Дом и на сите посетители да им подариме незаборавно звучно искуство и неповторлива можност да уживаат во звуците на врвни звучни презентации насловена како „Legendary на Манаки“. Уште посреќни сме што вистинските љубители на брендот и ВИП клиентите ќе добијат ексклузивна можност претпремиерно да го преслушаат новиот албум на нашиот битолчанец Крсте Роџевски“ којшто е еден од првите поддржувачи на Божиновски фондација и проектот “Своч на кирилица”, велат од Божиновски часовници и накит.
За повеќе информации можете да ги посетите официјалните веб-сајтови на Божиновски фондација и на „Своч на кирилица“.
Пред сè, задоволство ни е што на овој исклучителен фестивал имаме можност за заедничко претставување со Божиновски и Каре и преку програмата „Legendary на Манаки“ да ја пренесеме нашата бренд филозофија: наука, уметност, музика – велат од Теохаров.
Како што објаснуваат од Теохаров Аудио, програмскиот дел вклучува четири типа на звучни презентации преку системот Legendary: „Legendary experience“, „Legendary на македонски“, „Филмска музика на Legendary“ и „Legendary во живо“.
Секој од тематските настани говори за различните можности преку кои Теохаров сака на посетителите да им овозможи уникатна и исклучителна можност за консумирање на музиката и уживање во квалитетниот звук.
Аудио презентациите започнуваат секој ден од 16, а согласно гореспоменатите наслови, освен отворените музички сесии, во рамки на истите ќе бидат претставени албуми од познати македонски музичари кои се секогаш вредни за преслушување како: „Мајчин јазик“ и „Live in Belgrad“ од Влатко Стефановски“, „Македонисимо“ од Симон Трпчевски и „Македонското срце чука во 7/8“ од Браќа Тавитјан. Дополнително, во рамките на делот „Филмска музика на Legendary“ ќе се преслушува и филмска музика од македонски филмови и македонски композитори, концепт преку кој се нуди едно поинакво доживување на приказните.
Увертирата на целата поставка се разбира е претпремиерата на новиот албум на Крсте Роџевски, која со оглед на тоа дека ќе се презентира сè уште необјавен материјал ќе биде достапен исклучиво за ВИП гости – вистински љубители на добриот звук.
Атмосферата на поставката дополнително ја збогатува и Каре Македонија преку дизајнерскиот мебел, кој се одликува со впечатливост, елеганција и несекојдневност и кој ќе овозможи сосема ново доживување на просторот во Офицерскиот дом.
„Оff-програмата во Офицерскиот дом во Битола, која ќе можете да ја видите во рамки на фестивалот „Браќа Манаки“ става акцент на врвно визуелно-аудитивно доживување и повторно уметноста – во дизајнот на мебелот, на часовниците, аудио звукот … Воедно, ова е одлична можност одново да ја искусите или пак одблиску да се запознаете со префинетоста и смелоста на мебелот од „Смарт Ливинг“ групацијата и нејзиниот бренд КАРЕ. Нема да ве остави рамнодушни, како и севкупната програма. Како што вели и мотото на брендот – „Радост на живеењето“, навистина чувствуваме радост, задоволство и уживање што сме дел од фестивалот со најдолга традиција кај нас, а во друштво на уште два големи бренда со кои правиме една уникатна и квалитетна приказна. Дојдете да ја споделиме радоста и да уживаме“ велат од КАРЕ Македонија.