И покрај тоа што се издржува доживотен затвор, мексиканскиот наркобос Хоакин Гузман, познат како Ел Чапо, од неодамна може да се пофали дека има свое пиво.
„El Chapo Mexican Lager“ го лансираше неговата ќерка Алехандрина, која во јули 2019 година претстави сопствената модна колекција наречена „Ел Чапо 701“. Бројот 701 алудира на местото кое Ел Чапо некогаш го заземал на листата на “Forbes” на најбогати луѓе.
Но, Алехандрина отиде чекор подалеку од модата. Пред два дена, компанијата “Ел Чапо 701“ претстави крафт пиво наречено „Ел Чапо“ на модна ревија во Гвадалахара.
„Сè уште не е во продажба, ние само го рекламираме крафт пивото “Ел Чапо“, изјави за АФП портпаролката на компанијата Адријана Уријарт, додавајќи дека тие сè уште работат на регулаторни дозволи за продажба.
На шишето со пиво се наоѓа кафеаво-црно-бела етикета со сликата на Ел Чапо.
Судскиот процес против најпознатиот наркобос во светот отвори за јавноста увид во внатрешната организација на картелот Синалоа, именуван по северозападната мексиканска држава, каде што е роден Ел Чапо во сиромашно планинско село. Меѓу граѓаните на Синалоа, тој градел мит, претставувајќи се себеси како Робин Худ, а неговите две спектакуларни бегства од мексиканските затвори придонеле за славата.
Американското обвинителство го обвини дека набавувал тони кокаин, хероин, марихуана и метамфетамин на пазарите во САД повеќе од две децении. Својата моќ во Мексико ја зацврстувал убивајќи и завојувајќи се спротивните кланови.
Проценките на вкупната заработка на Гузман варираат. Во 2009 година, Форбс процени дека поседува една милијарда долари, а Министерството за правда на САД процени дека Ел Чапо заработил околу 14 милијарди долари од трговијата со дрога.