Ел Салвадор е првата држава во светот која ја усвои криптовалутата Биткоин како официјална валута во земјата, покрај американскиот долар кој досега се користеше.
Компаниите во средноамериканската држава ќе бидат обврзани да го прифаќаат биткоинот како валидно средство за плаќање.
Со цел да ги охрабри граѓаните да ја користат новата дигитална валута, државата ќе им додели по 30 биткоини на сите оние кои ќе ја инсталираат новата владина апликација во улога на дигитален паричник – “Chivo Wallet”.
Усвојувањето на биткоинот е дел од стратегијата на младиот претседател Најиб Букеле за закрепнување на елсалвадорската економија. Меѓутоа, не сите го делат неговиот ентузијазам.
Според спротивставените мислења, поради нестабилната флуктуирачка природа на дигиталните валути, биткоинот може да претставува дополнителен ризик за и инаку кревката економија на државата.
Во меѓувреме, Украина исто така го усвои биткоинот, но само како валута за тргување на берзи, односно нема да може да се плаќа со него во продавница, како што е случајот со Ел Салвадор.
Останува времето да покаже дали експериментот ќе биде успешен или не, односно дали кон него ќе се приклучат и други држави ширум светот.