Американската софтеверска компанија Electronic Arts (EA), позната како еден од најголемите развивачи на видео игри во светот, ја назначи Group М за своја глобална медиска агенција.
Агенциската мрежа Group М, која е дел од групацијата на WPP, ќе биде задолжена за медиското планирање и закуп на EA на глобално ниво. Според COMvergence, медискиот буџет на EA со кој ќе раководи Group М се проценува на околу 120 милиони долари.
Агенциската ревизија започнала во октомври минатата година, а целиот процес го водела консултантската компанија ID Comms.
Новиот медиски партнер на компанијата за развој на видео игри ќе треба да „ги поттикнува иновациите и да го максимизира ангажманот со светска заедница на гејмери“.
„Бевме целосно импресионирани од способностите и стратешкото размислување што ги презентираа сите агенции кои учествуваа во процесот. Сепак, GroupM се истакна со својата способност да користи напредни алатки за мерење, со нејзиниот глобален обем и увиди водени од перформанси, со кои ќе осигура дека EA ќе остане во првите редови на медиумската извонредност во сферата на видео-игрите“ – истакнува Нора Ахерн, потпретседателка за развоен маркетинг на Electronic Arts.