Францускиот авиопревозник Air France лансираше нова кампања која ја одразува нивната амбиција да им го понудат на своите клиенти најдоброто од Франција и да ја издигнат елеганцијата до нови височини.
Во централниост спот на кампањата насловена “Elegance is a journey” („Елеганцијата е патување“), гледаме една млада жена со долг црвен фустан, инаку алегорија за самата авиокомпанија, како се движи низ улиците на Париз.
Таа потоа почнува да се качува по Ајфеловата кула, оставајќи силен впечаток кај секоја личност што ќе ја сретне по пат. Жената евентуално го достигнува врвот на кулата, по што го развејува својот долг црвен фустан, кој, пак, потоа преминува во логото на компанијата.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Aura, дел од групацијата на Omnicom.