Како што известивме пред неколку дена, Грејлинг е прогласена за Најдобра ПР агенција во Источна Европа за 2016 година од страна на The Holmes Report во овогодинешните лауреати на Sabre Awards за ЕМЕА регионот (Европа, Блискиот Исток и Африка).
Грејлинг е агенција која пред се развива иновативни и интегрирани решенија и која брзо се прилагодува на потребите на клиентите и на пазарот. Агенцијата дејствува во интернационална мрежа која не познава граници, ниту меѓу држави, ниту меѓу дисциплините на дејствување.
Партнер на Грејлинг на македонскиот пазар е агенцијата за односи со јавност Елемент ПР, одговорна за комуникациски услуги во Македонија, Косово и Албанија. Ова партнерство постои и постојано се надградува веќе 5 години.
„Да се биде партнер со една од најголемите и најеминентните агенции е потврда за нашата успешна работа, како и потврда за нашето знаење, искуство и експертиза во оваа област. Но сето ова е пред се за успех и бенефит на нашите клиенти. Им честитаме на нашите колеги за оваа награда, особено затоа што е во областа на Public affairs, каде што нашата професионална експертиза е во корист на повисоки цели и каде што има уште толку многу повеќе да се направи“, изјави Татјана Лопарски, основач и генерален менаџер на Елемент ПР.
ЕМЕА САБРЕ Наградата е една од најпрестижните интернационални награди во ПР индустријата. Оваа година пристигнаа 2000 пријави во најразлични категории од Европа, Среден Исток и Африка, оценети од меѓународно жири составено од експерти за комуникација и брендинг од најголемите глобални агенции и компании.