Ellesse во оваа шарена, весела кампања работеше со креативната агенција Pentland
Италијански бренд за спортска облека Ellesse ја претстави својата прва бренд кампања со инфлуенсери, како што е раперката Ms Banks и актерката Jessica Barden.
Ellesse избра група на таленти од светот на музиката, филмот и телевизијата, но и од скејтер и паркур заедницата, како ѕвезди на кампањата. Таланти, како што се уметникот Kojo Funds и скејт-моделот Elliott Jay Brown облекоа за кампањата модни парчиња од новата колекција, кои ги комбинираа со сопствени акцесоари и додатоци.
Ellesse работеше со креативната агенција Pentland за да произведе кампања со светли, шарени визуелни елементи, со порака “My Style Is Who I Am“.
“Во ерата на социјалните медиуми, важно е да се запамети дека стилот не мора нужно да биде исклучив начин на кој лицето изгледа и како се облекува, туку може да се однесува и на стилот во кој го работи она што го сака”, вели Sara Thabet, виш бренд менаџер на Ellesse.