Елон Маск и неговата компанија за развој на вештачката интелигенција xAI го претставијата четботот Grok 3 – нов модел со вештачка интелигенција дизајниран да се натпреварува со ChatGPT на OpenAI и кинескиот DeepSeek.
Според Маск и неговиот тим, Grok 3 ја има „најпаметната вештачка интелигенција на Земјата“ и ги надминува другите такви модели, фокусирајќи се на попрецизни, контекстуално релевантни одговори. Grok 3 ветува континуирани подобрувања, со функција за гласовна интеракција која се очекува да биде функционална во рок од една недела.
Претплатниците од нивото Premium Plus на платормата X (поранешен Твитер) ќе бидат првите кои ќе добијат пристап до напредните функции на Grok 3, а корисниците мора да ја ажурираат својата X апликација до најновата верзија за да можат да го користат новиот четбот.
Истовремено, четботот ќе биде достапен на специјализирана веб-страница (www.grok.com) и како апликација за мобилни телефони.
Паралелно со претставувањето на Grok 3, Елон Маск го соопшти основањето на оддел за развој на видео игри во рамки на xAI, укажувајќи дека компанијата ќе се насочи и кон крацијата на видео игри со помош на вештачка интелигенција.
Целосната видео-презентација на Grok 3 можете да ја проследите во продолжение:
— Elon Musk (@elonmusk) February 18, 2025