Откако неодамна купи 9.2% од акциите на Твитер и со тоа стана најголем сопственик на акции во компанијата, милијардерот Елон Маск сега сака да го купи целиот Твитер.
Маск понудил цена од 54,20 долари по акција, што би било еднакво на над 41 милијарда долари.
Сопственикот на Tesla посочи дека откако инвестирал во Твитер сфатил дека компанијата во својата сегашна форма не може да напредува, ниту да му служи на општеството.
Маск смета дека Твитер мора да се трансформира во приватна компанија, и тоа во негова сопственост. Милјардерот нагласи дека неговата понуда е најдобра и конечна и доколку не биде прифатена, тој повторно ќе го промисли своето учество како акционер во Твитер.