Двајца познати британски уметници, пејачот Елтон Џон и актерот Мајкл Кејн, ги здружија силите во една комична реклама за да ја охрабрат јавноста да се вакцинира против ковид-19.
Во рекламата од 90 секунди, 73-годишниот Џон ја пародизира својата огромна репутација, додека Кејн (87) се потсмева на себе си, повторувајќи го славниот слоган што го користеа неговите безброј имитатори: „Не многу луѓе го знаат тоа“.
Велика Британија досега ги испорача првите дози вакцини за повеќе од 12,6 милиони луѓе и е на пат да ја постигне целта од 15 милиони вакцинирани во четирите главни приоритетни групи, вклучително и оние над 70 години, до 15 февруари.
Сепак, постои загриженост дека некои луѓе ќе ја избегнат вакцината поради дезинформации или теории на заговор во врска со вакцинацијата.
Говорејќи за своето учество во рекламата, Џон изјави дека сакал да им ги покаже на луѓето придобивките од вакцинацијата и како тоа помага во сопствената заштита и заштитата на луѓето кои ги сакаме.
„Се надевам дека сите можеме да се собереме и да дадеме свој придонес во борбата против оваа мизерна болест“, вели музичарот.