„Маркетинг алатка на денот“ е серија од микро постови создадени со цел да ги запознаеме македонските стартапи и маркетинг ентузијасти со корисните алатки кои можат да ги користат во делот на маркетингот. Оваа иницијатива е нa brainster заедницата.
Замислете времето кое секојдневно го минувате барајќи информации за контакт да биде сведено на само неколку секунди. Имено, новата апликација Email Hunter ви овозможува директен пристап до сите е-маил адреси на интернет мрежата во светот.
Email Hunter апликацијата е супередноставна за користење со 3 различни опции за пребарување на е-маил адресите:
1.Пребарување по домени – ги пронаоѓа сите е-маил адреси кои го користат домен.
На пример, имате потреба да стапите во контакт со компанијата Македонски Телеком за да им ја понудите вашата нова услуга. Потребна ви е информација за контакт. Се што треба да направите е да го впишете доменот кој го користи компанијата во полето за пребарување, во овој случај тоа е telekom.mk.
За неколку секунди ќе добиете листа на е-маил адресите кои го користат тој домен, во овој случај апликацијата пронајде 65 е-маил адреси, преку кои ќе може да стапите во контакт со компанијата или одреден сектор од компанијата и да ги понудите вашите нови услуги.
- Генерирање на е-маил – го нагаѓа е-маилот на одредена личност врз база на негото име, презиме или домен.
- Проверка на е-маил – проверува дали одредена е-маил адреса е пронајдена во базата на апликацијата.
Покрај овие три основни опции, апликацијата ви овозможува и опција за филтрирање на добиените резултати со што листата ќе биде составена само од личните е-маил адреси кои ќе ги пронајде.
Едноставна за користење, со брзина на пребарување од околу 150,000,000+ записи во само неколку секунди. Email Hunter е апликација која би му користела секому, а најдобрата вест е што има бесплатна верзија на апликацијата.
Ако ви се допадна овој пост, посетете ја серијата на микро постови на овој линк. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со вашите пријатели.