Во следната година интернетот значително ќе се промени, а тоа најмногу ќе влијае врз големите компании кои досега имале добри стратегии за огласување
Во време на дигитална револуција, сè се менува со неверојатна брзина, па многу од работите што се популарни денес ќе бидат застарени утре.
Веб-страницата eMarketer, врз основа на настаните оваа година, изготви извештај за дигиталните трендови што треба да следат во 2020 година.
Податоците се собрани врз основа на однесувањето на корисниците на интернет и укажуваат дека во иднина досегашните маркетинг-стратегии постепено ќе ослабуваат и дека ќе бидат заменети со вредност, транспарентност и персонализирана содржина, што ќе биде важно за опстанокот на компаниите.
Бидејќи барањата на корисниците влијаат на дигиталното огласување, клучно е да се следат нивните потреби.
Според сегашните предвидувања, овие пет трендови ќе ја одбележат следната година која е пред нас.
- Гласовни команди
Технологијата за гласовни команди ќе ги унапреди и потисне досегашните начини на пребарување содржина на интернет.
- Конкуренцијата на Google се засилува
Гугл ќе остане доминантна платформа за пребарување на интернет, но некои корисници ќе се префрлат на други пребарувачи, што може да предизвика проблеми за оваа компанија во наредните години.
- . Онлајн сервисите ја потиснуваат класичната телевизија
Традиционалните ТВ-сервиси ќе останат без гледачи заради онлајн услугите, како што се „Нетфликс“ и „Хулу“, затоа огласувачите ќе мораат да ги променат своите стратегии.
- Корегирање на правилата за приватност на корисниците
Прашањата за приватност, за кои скоро постојано се зборува во вестите и на социјалните мрежи, ќе доведе до тоа платформите да ги променат досегашните практики за собирање податоци од нивните корисници, така што ќе треба да ги корегираат ставките што не се прифатени од поширока публика.
- Бројот на членови на Фејсбук се намалува
Корисниците на Фејсбук ќе продолжат да опаѓаат, а огласувачите ќе треба да ги следат со цел да ја задржат публиката.