Новиот формат на настан од Webit – DIGIT Series ги привлекува главните директори од Турција и остатокот од светот
Поплочување на иднината на дигиталното – ова е мотото на DIGIT.EMEA и тоа е факт. Одлична листа на предавачи ќе бидат дел од 7 паралелни настани и преку 40 работилници и средби во светски познатата социјална агенда на секоја Webit настан.
DIGIT.EMEA ќе се одржи на 18 и 19 ноември 2015 во Истанбул. Постојат две главни сцени – Маркетинг и Технологија и дополнителни 5 аудиториуми каде SoftLayer, компанијата на IBM, ги пречекува само врвните CTO-a на тркалезна маса водена од глобалниот CTO Марк Џонс. Исто така Sociomantic, Akamai, Paypal имаат свои настани и уште дополнителни 40 компании со свои meet up-и. Исто така, можете да бидете дел од денот за инвеститори и стартапи.
Уникатниот дел на DIGIT.EMEA за 2015 е врвната листа на делегати, претставувајќи ги ‘Кој е Кој’ во индустријата, вклучувајќи имиња на големи носители на одлуки и директори од Турција и остатокот од светот од маркетинг, технолошкиот, дигиталниот, медиа и инвеститорскиот сектор.
Без разлика дали сакате да утврдите мисловно лидерство, да се поврзете со сегашни или потенцијални клиенти и партнери, да привлечите медиумско внимание, да лансирате нов производ или да ги слушнете идните трендови од луѓето кои ги поставуваат – DIGIT.EMEA е местото да се биде во 2015 во Истанбул.
Се’ уште можете да ги резрвирате вашите карти (бројот е ограничен и настанот наскоро ќе биде распродаден).