Американската корпорација Emerald Holding објави дека го комплетирала стекнувањето на сите средства што ја опфааќаат франшизата “Advertising Week” од Stillwell Partners.
Advertising Week е врвен глобален настан и платформа за интелектуално лидерство фокусирана на маркетинг, медиуми, технологија и култура. Основана во 2004 година во Њујорк, наградуваната глобална франшиза за настани Advertising Week ги вклучува регионалните изданија: AWNewYork (Њујорк), AWEurope (Лондон), AWAsia (Токио), AWLATAM (Мексико Сити) и AWAPAC (Сиднеј).
Покрај настаните во живо и виртуелните настани, платформата има и глобални содржини достапни во текот на целата година, вклучувајќи едукативни електронски предавања од водечките светски практичари (AWLearn) и оригинални аудио, видео и едиторијални содржини (AW360).
Стекнувањето со Advertising Week означува уште еден чекор напред во стратегијата на Emerald Holding за обезбедување на целогодишен ангажман на своите клиенти, нудејќи поврзани и најдобри искуства во својата класа преку беспрекорно интегрирање на настани во живо, содржина и трговија. Преку оваа аквизиција, Emerald ќе ја надгради својата истакната позиција во B2B маркетинг секторот каде што успешно ја опслужува заедницата за маркетинг технологијата преку својата медиумска платформа “Demand Gen Report” и серијата на настани во живо “B2B Marketing Exchange”.
За Advertising Week, аквизицијата им обезбедува пристап до комплементарни клиенти во рамки на бизнисите на компанијата Emerald – вклучувајќи мали и средни бизниси низ различни сектори и нејзините добро воспоставени портфолија за малопродажба и дизајн, како и поголеми ресурси и обем за да се забрза проширувањето и растот на Advertising Week.