Италијанскиот бренд за фармерки Replay неодамна во продажба ја пушти својата нова серија на еластични фармерки Hyperflex+, што беше проследено и со соодветна рекламна кампања чиј заштитни лица се позантиот модел Емили Ратајковски и фудбалската ѕвезда Нејмар. Централниот елемент на кампањата е рекламен спот, снимен во стил на музичко видео, во кој хероите Емили и Нејмар се борат против „зомбињата во крути фармерки“.
Рекламата е фокусирана да биде исто толку забавна, колку што е заснована на традиционалниот маркетинг, при што први микс од реална глума и анимација. Снимена е под познатиот фудбалски стадион Stade De France во Париз и прикажува еден пост-апокалиптичен свет во кој владеат зомбиња со крути фармерки, по што се појавуваат Нејмар и Емили во своите растегливи фармерки и со кунг-фу се борат за да го вратат стилот во уличната мода.
Кампањата е дело на креативната агенција 180 Kingsday од Амстердам и покрај спотот вклучува и принт, outdoor, дигитал и social media активности.