Во пресрет на Светскиот ден на животната средина авиокомпанијата Емирати ги претвори своите стари рекламни билборди во 200 училишни чанти и 125 торби за купување за деца и возрасни во Јужна Африка.
Плакатите беа собрани од сите краеви на Јужна Африка, а потоа повеќе од 500 квадратни метри на материјал во соработка со локалниот бизнисмен Рејмонд Фири од компанијата Motion Bags и компанијата Just Bags се претворени во цврсти, водоотпорни и долготрајни торби.
“Ова проект ми е многу драг, затоа што знам како е кога немате торба за училиште, додека другите деца имаат”, изјави Рејмонд Фири, сопственик на Motion Bags. Училишни торби им се донирани на учениците на основното училиште Emfundisweni во Јоханесбург, а Емирати ги наполни и со школски прибор и книги од својата програми за забава на деца во текот на годината.
Покрај овие активности, Емирати со својата стратегија се залага и за еколошки одговорно работење и управува и со една од најмладите и најефикасни флоти на авиони во светот, што меѓу другото претставува значајно вложување во намалувањето на влијанието врз животната средина, а континуирано продолжува со лансирањето на одржливи решенија во областа на одговорно однесување кон средината. Така, во 2017 година воведе покривачи направени од 100 проценти рециклирани пластични шишиња со користење на технологија ecoTHREAD ™, за чие производство според проценките, до крајот на 2019 година ќе искористи 88 милиони пластични шишиња од депониите.
Покрај тоа, авиокомпанијата во својот најсовремен Emirates Engineering Centre во Дубаи користи техниката на суво перење за чистење на нивните авиони, со што заштедува милиони литри вода секоја година, а со користењето на соларни панели ги намалува емисиите на јаглерод диоксид за 800 тони годишно.