Брендот на аудио опрема Beats by Dre ја ангажираше популарната американска интернет личност Ема Чемберлејн за новата кампања “The Beauty of Immersive Sound” („Убавината на сеопфатниот звук“), со цел промоција на нивните нови слушалки Beats Studio Buds+.
Централниот спот на новата космичко-футуристичка кампања ја прикажува ѕвездата од социјалните мрежи како се трансформира од „меѓугалактичко суштество“ во нејзино гламурозно „јас“, притоа истражувајќи го металичниот простор кој преоѓа од сребрена во розова боја.
На тој начин, брендот ги претставува двете „космички-инспирирани“ варијанти во кои се достапни новите висококвалитетни слушалки, нудејќи им на фановите „сонично искуство надвор од овој свет“.
Со оваа кампања, Ема Чемберлејн им се придружува на Ким Кардашијан, Карди Б и А$АП Роки како бренд амбасадори на Beats by Dre.