Во недела, 28 март, со првата трка во Бахреин стартува новата сезона на најпознатото и најпопуларно мотоспорт натпреварување во светот – Формула 1.
По тој повод беше лансиран рекламен спот, создаден од страна на креативната агенција Wieden + Kennedy London, кој има за цел да привлече нови фанови кон спортот по успехот на документарната серија “Formula 1: Drive To Survive” емитувана на Netflix.
Она што ја прави оваа кампања поразлична е тоа што рекламата не се фокусира толку на самите формула болиди, возачките вештини и мото-аспекти, како што вообичаено би се очекувало, туку на емоционалното патешествие кое за време на трките го доживуваат фановите, возачите и членовите на нивните тимови.
Интензивиот спот е проследен со слоганот: “Make yourself comfortable” („Направете си да Ви биде удобно“), укажувајќи на тоа дека, поради пандемијата, фановите на Фомула 1 оваа сезона и нејзините интензивни моменти воглавно ќе ги проследат од удобноста на своите домови.