Телекомуникациската компанија Vodafone ја лансираше својата нова Божиќна кампања наменета за ирскиот пазар, насловена „Each Christmas“ („Секој Божиќ“).
Централниот спот на кампањата ја раскажува приказната на еден фармер од рурална Ирска и неговата комшивка која се преселила за подобра кариера, а се враќа само за Божиќ. Годините поминуваат, девојката се враќа само за празниците, но љубовта помеѓу двајцата млади се засилува.
Евентуално, фрустрацијата кај момчето се зголемува и се чини дека врската никогаш нема да го исполни својот потенцијал. Сепак, се случува пресврт. Девојката решава да се врати да живее во своето родно гратче, каде отвора продавница од која ќе може да продолжи да работи благодарение на брзата конекција на Vodafone. Тоа секако наидува на голема радост на нејзиниот „комшија“. :)
Покрај видео спотот, кампањата ќе вклучува и активности на социјалните медиуми и out-of-home реклами.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Grey London.