Победниците ќе бидат објавени за време на онлајн наградна церемонија на 9 декември
Меѓународните креативни награди Epica Awards го објавија својот потесен избор на пријавени кампањи за овогодишното издание. Во текот на изминатите неколку денови, уникатното жири составено од уредници и искусни новинари гледаше и анализираше над 3,000 креативни дела. Од Epica Awards им се заблагодаруваат на сите агенции, продукциски компании и клиенти кои зедоа учество. Секое пријавено дело било внимателно вреднувано од страна на жирито преку специјална онлајн платформа за гласање, ефективно обезбедувајќи им медиумска изложеност на сите пријавени.
За овогодинешното издание на Epica Awards се пријавиле вкупно 3,184 креативни дела од 64 држави, што претставува драматичен пораст во однос на тешката претходна година (1,980 пријави во 2020), односно се доближува до нивото од 2019 година.
Најмногу пријавени кампањи биле од САД (206), по што следува Германија (200). Во однос на агенциски мрежи – McCann Worldgroup, BBDO и Wunderman Thompson биле особено добро претставени.
Целосната листа на кампањи избрани во потесниот избор може да се погледне на следниот линк.
Финалистите продолжуваат на оценување кај Големото жири, кое ќе гласа онлајн од 24 ноември до 2 декември. Добитниците на златни и Grand Prix награди ќе бидат објавени за време на специјална онлајн церемонија која ќе се одржи на 9 декември. Добитниците на сребрени и бронзени награди ќе бидат објавени на веб-сајтот на Epica Awards следниот ден, на 10 декември.
Жирито на Epica Awards е составено од уредници и искусни новинари од водечките светски медиуми кои ја покриваат креативноста и комуникациите. Тие се исто така поддржани од новинари од специјални полиња како пост-продукцијата, виртуелната реалност, дизајнот, финансиите и луксузните производи. Целосната листа на жири-членови може да се погледне на следниот линк.