Церемонијата на доделувањето на наградите за 2020 година ќе се емитува во четврток, 17 декември во 18:30 часот.
За прв пат, свеченото доделување на наградите „Епика“ ќе се пренесува во живо од Париз. Гледачите ќе можат онлајн да го видат најдоброто од креативноста оваа година според изборот на светските стручни медиуми – победничкиот избор на идеи и инспирација.
Настанот ќе се пренесува во живо на YouTube, Facebook и Linkedin платформите на Epica Awards.
Виртуелната церемонија ќе вклучува објавувања на добитници на златните и Гранд При наградите, како и дебати за Гранд При наградите од членовите на жирито, вклучувајќи водечки новинари од медиумите кои известуваат за рекламирање, дизајн и други специјализирани публикации од областа на комуникациската индустрија. Целосната листа на членовите на жирито, меѓу кои е и Маркетинг365 како претставник од Македонија, може да се погледне на следниот линк.
Добитниците на сребрените и бронзените награди ќе бидат објавени на веб-страницата на Epica Awards следниот ден, на 18 декември.
Церемонијата ќе ја води уредничкиот директор на наградите „Епика“, Марк Тунгејт, а ќе биде продуцирана од нивниот главен оперативен директор Николас Хуве.
По тој повод, Марк Тунгејт изјави: „И покрај сите ограничувања, важно е да им се заблагодариме на учесниците и да ги прославиме победниците на начин што ќе им оддадеме почест на нивната работа. Со нетрпение очекувам повторно да ги видам пријавените кампањи во ова ново, динамично опкружување. Отсекогаш сме биле поуникатни во опкружувањето на креативните награди и бевме воодушевени од бројот на пристигнати пријави оваа година и покрај околностите. Голема благодарност до сите учесници “.
Основана во 1987 година, благодарение на своето целосно објективно жири од редовите на медиумите, наградите “Епика“ со текот на времето ја зацврстија својата репутација како непристрасни креативни награди.