AdForum и Epica Awards претставуваат нова платформа каде што се среќаваат новинарството и креативноста
AdForum и Epica Awards ги здружија своите ресурси и го лансираа PRESS CLUB, нова платформа за новинари специјализирани за рекламирање, комуникација и креативност.
Клубот ќе им овозможи на членовите на AdForum и професионалците од креативната индустрија да комуницираат со новинарите, што ќе ја направи уникатна платформа каде се среќаваат новинарството и креативната индустрија.
PRESS CLUB е инспириран од жирито на Epica Awards, кое брои повеќе од 200 новинари од целиот свет, но сега е отворено за секој новинар заинтересиран за светот на креативноста или има специфична експертиза во една од областите на креативната индустрија.
Членството е бесплатно и им дава на новинарите:
- Пристап до огромна архива на реклами и студии на случај, кои датираат од 1997 година и кои може да се преземат бесплатно.
- Преглед на најновите кампањи и вести од индустријата.
- Бесплатна дистрибуирана содржина за употреба на сопствени платформи.
- Место за објавување, споделување и читање написи.
- Можност за барање хонорарни новинари или понуда на сопствени вештини на медиумите, агенциите или брендовите.
- Начин за одржување контакт и размена на искуства во рамките на глобалната заедница на истомисленици.
Марк Тунгејт, уредник на AdForum и Epica наградите, по тој повод изјави: „Долго време имавме прилично неформална заедница составена од членовите на жирито, но сонувавме да ја претвориме во вистинска платформа каде што сите новинари од нашата област ќе можат комуницираат, да ги споделуваат своите приказни, да ги следат новостите – или да бараат работа. Сега конечно тоа е реалност.”
Дознајте повеќе или придружете се на PRESS CLUB на следниот линк.