Германската компанија за производство на хемиски производи Evonik Industries лансираше кампања во која го дискутира прашањето: „Како изгледа вистинското лидерство?“
Епскиот спот на компанијата отпочнува со сцена на некој слиен викинг кој се спрема за борба, потоа прикажува благородник со големо его, царица со апсолутна моќ, император кој одлучува за живот и смрт…. но, НЕ! Според Evonik Industries тоа не е вистинско лидерство.
За компанијата, вистинското лидерство значи оддавање моќ на луѓето и подобрување на нивните животи. Токму тоа се обработува во вториот дел од рекламниот спот, каде гледаме идеализирана верзија на коорпоративната култура на Evonik Industries.
„Во Evonik, ние размислува за повеќе од хемијата, за создавање на иноватини, профитабилни и одржливи решенија – од раздвојување на мембрани, преку заштитни премази, до негувателна козметика. Сé што правиме ја одразува истата цел – подобрување на животот, за денес и утре“ – се истакнува во кампањата.
Кампањата се реализира со помош на огласувачката агенција KNSK од Хамбург, Германија.