Да имаш буџет за да одбереш кого сакаш на кастинг за пиво а да не го земеш Ерик Кантона треба да си луд :)
Веројатно и во Ogilvy & Mather London размислувале слично како мене кога се спремале да ги снимаат серијата реклами за француската пивница Kronenbourg.
Кантона го користат веќе неколку години во повеќе ТВ реклами за брендот со различни теми а летово не освежија со нова кампања, наречена “Le Big Swim“ во која Eric The King треба да преплива од Франција во Англија.
Легендата на Манчестер Јунајтед и светскиот фудбал, има интересна улога во која ја покажува својата харизма и препознатлив воинствен дух по кој се прослави во целата своја кариера.
На кампањата и претходеа неколку тизер реклами и голема проекција врз цел брег на фотка од Кантона во пливачка опрема …