Пред околу еден месец, легендарната фудбалска ѕвезда Ерик Кантона го најави своето патување во вселената со цел да докаже дека француското пиво Kronenbourg 1664 е „Врвниот вкус“.
После неколку видеа во кои можевме да видиме како тој тренира и се подготвува за мисијата, Кантона пристигна во вселената на неколку дена пред одбележувањето на 50-годишнината од слетувањето на месечината на Аполо 11 (20 јули). „Ова е мал чекор за Кантона, но голем за пивото!“
Сепак, во неочекуван пресврт, испадна дека таа „вселена“ е поранешниот ноќен клуб „Вселена“ („Space“) на Ибица, своевремено најпопуларниот ноќен клуб во светот. Кантона од астронаут станува диџеј, го враќа во живот ноќниот клуб и ја потврдува својата мисија пред разиграната публика – „Кроненбург е врвниот вкус во вселената!“
Хумористичната кампања е дело на агенцијата Ogilvy, а серијалот од пет видео-спотови кои ја следеа „мисијата“ на Кантона можете да ги погледнете во продолжение: