Медиската агенција EssenceMediacom, најголема од својот вид во мрежата на Group M при групацијата WPP, го назначи Том Вигли за свој прв Генерален директор за медиски решенија.
Тој се приклучува на EssenceMediacom од агенцијата Spark Foundry, каде што ја вршел функцијата генерален директор за дигитални податоци и технологија. Во својата нова позиција во EssenceMediacom, Вигли ќе биде задолжен да го предводи одделот за перформанс-маркетинг познат како Nexus. Тој ќе се грижи агенцијата целосно да ги искористува ресурсите, алатките и решенијата на Nexus како најголема заедница на експерти за перформанс-маркетинг.
Том Вигли има долгогодишно искуство во градењето дигитални тимови со високи перформанси и темелно разбирање за тоа како брендовите треба да ги поврзат своите дигитални, податочни и технолошки способности за да постигнат подобри деловни резултати. Во својата нова улога, Том тесно ќе соработува со Nexus за да ги интегрира новите алатки и способности кои ќе ја „дефинираат иднината на дигиталната активација за бизнисот“.
„Среќна сум што Том ни се придружи. Неговото искуство и увид ќе помогнат дополнително да ја подобриме нашата соработка со сите таленти во Nexus и да ги надополниме нашите заеднички способности, овозможувајќи ни да ја забрзаме нашата иновација и да испорачуваме нови напредни решенија за нашите клиенти“ – посочува Кејт Роулинсон, генерална извршан директорка на EssenceMediacom.