Популарниот бренд на детергенти за перење Omo (познат и како Persil) на компанијата Unilever создаде специјална етикета за облека која е 100% разложлива во вода и може да се употребува како детергент и до три перења.
Идејата е развиена од страна на агенцијата TBWA/RAAD, која е задолжена за блискоисточниот пазар на брендот. На почетокот, етикетите ќе почнат да се додаваат на производите во ланецот продавници за спортска облека Sports 4ever во Бејрут, Либан, па што ќе се работи на нивно проширување низ целиот регион.
„Оваа иновација е прва од својот вид во категоријата детергенти која е истовремено забавна, практична, едноставна за употреба и најважно – ефикасна во борбата против дамките. Етикетите се дел од глобалната кампања на Omo, “Dirt is Good“, која ги охрабрува семејствата потполно да уживаат во животните искуства,“ истакна Самер Анути, маркетинг менаџер во Omo.