Регулаторите на Европската унија ја казнија социјалната платформа за професионално вмрежување LinkedIn со 310 милиони евра за прекршување на правилата за приватност на податоците на корисниците.
Ирската комисија за заштита на податоците ја обвини платформата во сопственост на Мајкрософт за прекршување на „законитоста, правичноста и транспарентноста“ при обработката на личните податоци во огласувачки цели.
Социјалната платформа соопшти дека иако верува дека нејзиното делување е „во согласност“ со правилата, таа постојано работи на тоа да се осигура дека нејзините огласувачки практики ги исполнуваат поставените правни услови.