Европската Унија ќе ги казнува технолошките гиганти поради “deepfake”-технологијата, доколку тие не преземат никакви активности против неа. Новите иницијативи на ЕУ во борбата против дезинформациите исто така предвидуваат справување со лажните профили кои лажно се претставуваат или шират лажни информации.
Дипфејк-технологијата се состои во измамнички имитации на луѓе, ставајќи ги нивните физички ликови во лажни видеа од ситуации во кои тие инаку никогаш не се нашле, како прават работи што никогаш не ги правеле. Овие видеа предизвикуваат голема загриженост кај јавноста поради нивниот растечки реализам, а во погрешни раце можат да резултираат со навистина штетни последици.
Со цел справување со дезинформациите и лажните содржини, Европската Унија воведува нова регулатива која бара од технолошките компании да обелоденат информации за тоа како тие се справуваат со наведените штетни практики. Предвидени се високи казни за компаниите кои нема да ги почитуваат новите регулативи.
Новиот кодекс на ЕУ, познат како Закон за дигитални услуги (Digital Services Act), беше договорен од 27-те земји на Унијата претходно оваа година. Компаниите ќе мора да понудат транспарентност на изворите на информации и ќе мора да блокираат огласи што содржи дезинформации, како и да обезбедат вистинити извори за политичко рекламирање.
Лажните информации се разликуваат од земја до земја, па така компаниите ќе мора да поднесуваат поединечни извештаи до властите на различните држави, со цел тие подобро да можат да разберат за што станува збор и како може да им се спротивстават на лажните содржини.