Американските технолошки гиганти Alphabet, Apple и Meta се најдоа под лупа на европските регулатори, откако Европската Унија во понеделникот ги отвори своите први истраги за „неусогласеност“ со новиот Закон за дигитални пазари кој беше донесен претходно овој месец.
Законот има за цел да ги спречи големите технолошки компании да врашт притисок врз дигиталните пазари, истовремено создавајќи поправеден дигитален простор со ограничувања за тоа како најголемите компании дејствуваат онлајн, обезбедувајќи поголема конкуренција и поголем избор во полза на корисниците кога се во прашање дигиталните услуги.
„Не не сме убедени дека решенијата на Alphabet, Apple и Meta ги почитуваат нивните обврски за поправеден и поотворен дигитален простор за европските граѓани и бизниси“ – истакна комесарот за внатрешен пазар на ЕУ, Тиери Бретон.
Според Маргрет Вестагер, комесарка на антимонополското тело на ЕУ, истрагата ќе трае околу 12 месеци.
Доколку некоја од компаниите биде прогласена за виновна во однос на новиот закон, Европската комисија може да изрече казна до 10% од вкупниот глобален обрт на компанијата, што може да порасне до 20% доколку прекршоците бидат повторени. Во потенцијалниот случај на Alphabet, Apple и Meta, тој износ би достигнал десетици милијарди евра.