Денес беа соопштени добитниците на бронзени, сребрени и златни награди на Eurobest, кои што го претставуваат европскиот креативен стандард за креативни и ефективни брендирани комуникации. Од вкупно 2,959 пријавени кампањи, награди добија 267 креативни дела од 19 различни држави.
Украина ја освои својата прва златна награда на Eurobest, додека пак Гибралтар ги доби своите воопшто први награди на Eurobest, освојуваjќи бронза и сребро. Најнаградувана држава беше Германија, со вкупно 63 награди, додека пак на второто и третото место се најдоа Франција со 58 награди, односно Обединетото Кралство со 30 награди.
Симон Кук, генералниот извршен директор на LIONS, кои што се организатори и на наградите Eurobest, изјави: „Нашите жирија сега ги избраа победниците на наградите Eurobest, формирајќи корпус на истакнати дела што ја претставуваат разноликоста на креативноста ширум Европа. Оваа група на победнички дела претставува фасцинантен увид во тековниот пејзаж на индустријата и индикатор за тоа каде се движиме во иднина. Би сакале да ги упатиме нашите честитки до сите победници и да им се заблагодариме на жирито за одвоеното време и експертиза, додека со нетрпение очекуваме да ги прославиме победниците на Eurobest Unlocked“.
Добитниците на Grand Prix и специјални награди ќе бидат соопштени за време на Eurobest Unlocked, кој што ќе се одржи на 14 декември, а ќе ја претстави европската креативна извонредност за 2022 година.
Креативниот извештај на Eurobest, кој нуди увид во креативното рангирање и заклучоци од оценетите кампањи, ќе биде објавен заедно со целосната листа на победници на следниот линк: www.lovethework.com/en-GB/eurobest-2022.